Скопје, 30 декември 2024г. – Агенцијата спроведе редовен административен и програмски надзор врз Радио Марија Благовест од Струмица, Универзитетско Радио Студент ФМ 92.9 од Скопје, Универзитетско Радио УКЛО ФМ од Битола и Универзитетско Радио УГД ФМ од Штип, за обврските за објава на импресум, информации достапни до корисниците, идентификација на радиодифузерот, правилата за емитување аудио комерцијални комуникации, обврските при обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање и емитување игри на среќа.
При надзорот беше констатирано дека врз Радио Студент ФМ 92.9 и Радио УГД ФМ од Штип не може фактички да се спроведе, затоа што радиодифузерите емитувале само музика и џинглови, односно не емитувале никаков вид програма со новинарски и со уреднички ангажман.
Извештаите од надзорите се достапни на линковите:
Радио Марија Благовест – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.12.2024
Радио УКЛО ФМ Битола – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.12.2024
Радио Студент ФМ 92.9 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.12.2024
Радио УГД ФМ – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 24.12.2024
Радио Марија Благовест – (членови 53, 54, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 24.12.2024
Радио УКЛО ФМ Битола – (членови 53, 54, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 24.12.2024
Радио Студент ФМ 92.9 – (членови 53, 54, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 24.12.2024
Радио УГД ФМ – (членови 53, 54, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 24.12.2024