Скопје, 30 декември 2024 – Врз ТВ КТВ, ТВ ЕДО и ТВ Шења извршен е контролен програмски надзор за обврските емитување програма на македонски јазик и кирилско писмо, а во случаите кога програмата е наменета за заедница која не е во мнозинство, на јазикот и писмото на таа заедница и дневно емитување 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела и најмалку половина да ги остварат во периодот од 7,00 до 19,00 часот.
При надзорот беше констатирано дека радиодифузерите постапиле согласно обврските од ЗААВМУ.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ КТВ – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 30.12.2024
ТВ ЕДО – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 30.12.2024
ТВ Шења – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 30.12.2024