Скопје, 30 декември 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз ТВ Сител и ТВ Сонце за да утврди дали радиодифузерите постапиле по изречените мерки јавна опомена, упатени поради незаштита на малолетните лица од програми што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички или морален развој.
При надзорот беше констатирано дека радиодифузерите постапиле согласно обврските од ЗААВМУ.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Сител – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 24.12.2024
ТВ Сонце – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 24.12.2024