Преглед на радија кои доброволно пријавија дека во 2025 година ќе емитуваат домашна музика

Скопје, 15 јануари 2025 – Законската можност на радијата за доброволно пријавување процент на емитување домашна музика, ја искористија 14 радиостаници, од кои 1 радио на државно ниво, 5 регионални радија и 8 радија кои емитуваат програма на локално ниво.

Радијата кои доброволно пријавија колкав процент музика на македонски и на јазиците на етничките заедници ќе емитуваат на дневно ниво, добија намалување на надоместокот за дозвола соодветно на пријавениот процент.

Прегледот на радија кои доброволно пријавија дека во 2025 година ќе емитуваат домашна музика е достапен на линкот.



Accessibility

Accessibility