Скопје, 22 април 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролни програмски надзори врз операторот Мултимедија Нетворк Л од Гостивар, за да се утврди дали операторот постапил по мерките јавна опомена упатени заради различни законски прекршувања.
Надзорите покажаа дека операторот во целост постапил по решенијата за преземање мерка јавна опомена упатени од Агенцијата.
Извештаите се достапни на линковите:
Мултимедија Нетворк Л – (член 143 став 1 од ЗААВМУ) – 22.04.2025
Мултимедија Нетворк Л – (член 144 став 3 од ЗААВМУ) – 22.04.2025
Мултимедија Нетворк Л – (член 141 од ЗААВМУ) – 22.04.2025