Скопје, 25 април 2025 – Врз 89 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма Агенцијата изврши редовен административен надзор за обврската до 31 март на посебен образец пропишан од страна на Агенцијата да и достават податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во претходната година, остварените вкупни приходи и расходи во претходната година од обезбедувањето на дејноста и за просечната гледаност или слушаност во претходната година.
При надзорот беше констатирано дека обврската од членот 15 став 1 од Законот за медиуми ја исполниле сите 89 радиодифузери.
Извештајот е достапeн на следниот линк:
Општ извештај – (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 25.04.2025