Скопје, 25 април 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 89 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма. Предмет на надзорот беше обврската според која радиодифузерите се должни податоците за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година да ги објават на сопствената програма во ударните термини најдоцна до 31 март и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.
При надзорот беше констатирано дека обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми ја исполниле сите 89 радиодифузери.
Извештајот е достапeн на следниот линк:
Општ извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 25.04.2025