Скопје, 7.05.2025 – Врз сите 90 радиодифузери извршен е вонреден административен надзор за да се констатира дали некој радиодифузер извршил промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.
Надзорот покажа дека ниту еден радиодифузер не извршил промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот:
Општ извештај (член 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ) – 6.05.2025