Скопје, 4 јуни 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролни административни надзори врз ТВ Копмани 21-М, ТВ Дуе, ТВ Шења и контролен програмски надзор врз ТВ Копмани 21-М и ТВ 24 Вести, за да утврди дали радиодифузерите постапиле по изречените мерки јавна опомена, упатени заради непочитување на различни законски одредби.
Надзорот покажа дека радиодифузерите ги исполниле законските обврски во целост.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Копмани 21-М – (член 52 од ЗААВМУ) – 04.06.2025
ТВ 24 Вести – (член 55 став 2 алинеи 2, 3 и 4 од ЗААВМУ) – 04.06.2025
ТВ Копмани 21-М – (член 14 од Законот за медиуми) – 04.06.2025
ТВ Дуе – (член 14 од Законот за медиуми) – 04.06.2025
ТВ Шења – (член 14 од Законот за медиуми) – 04.06.2025