Скопје, 4 јуни 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 90 радиодифузери. Предмет на надзорот е обврската според која радиодифузерите се должни до Агенцијата да достават писмен извештај, за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или телевизиско емитување, а особено за спроведувањето на програмскиот концепт, најдоцна до 31 март во тековната година.
Со надзорот е констатирано дека обврската од член 15 став 5 од Законот за медиуми ја исполниле сите 90 радиодифузери.
Извештајот е достапeн на следниот линк:
Општ извештај – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 04.06.2025