Скопје, 10 јуни 2025г – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз ТВ Шења, за да утврди дали радиодифузерот постапил по изречената мерка јавна опомена, упатена заради непочитување на обврската за дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела и најмалку половина од обврската да биде реализирана во периодот од 7:00 до 19:00 часот.
Со контролниот надзор констатирано е дека радиодифузерот во целост постапил по решението за изрекување мерка јавна опомена.
Извештајот е достапeн на линкот:
ТВ Шења – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 10.06.2025