Извршен редовен програмски надзор врз ТВ Ускана медиа, ТВ Кочани-ЛД, ТВ Калтрина, ТВ Феста и ТВ Плус

Скопје, 13 јуни 2025 – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 6 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела и најмалку половина од обврската да биде реализирана во периодот од 7:00 до 19:00 часот, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Ускана медиа, ТВ Кочани-ЛД, ТВ Калтрина, ТВ Феста и ТВ Плус.

При надзорите беа констатирани четири прекршувања. ТВ Ускана медиа, ТВ Феста и ТВ Канал Плус не емитувале најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, го емитуваа во периодот од 7:00 до 19:00 часот.  Дополнително ТВ Ускана Медиа на програмата емитувана на 3 јуни емитувала реклама за компанијата „Alba Bridges“, изворно на англиски јазик, без да се обезбеди превод на албански или на македонски јазик, односно на јазиците на кои медиумот емитува програма согласно дозволата.

Извештаите се достапни на линковите:

ТВ Плус – (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.06.2025

ТВ Канал Феста – (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.06.2025

ТВ Калтрина – член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.06.2025

ТВ Кочани-ЛД – член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.06.2025

ТВ Ускана медиа – (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 12.06.2025

ТВ Ускана медиа – (прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 12.06.2025



Accessibility

Accessibility