Скопје, 19 јуни 2025 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз ТВ Феста, ТВ Калтрина, ТВ Кочани-ЛД, ТВ Плус и ТВ Ускана Медиа за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и обврската за објава на идентификација на радиодифузерот.
Со надзорот беше констатирано дека ТВ Канал Феста на прогамата објавена на 3 јуни 2025 година, не ги објави податоците за импресум на верската програма „Kurani fisnik me titra shqip“ и културно – уметничката програма „80 Vjet Dituri“ Sh.F.K. „Bajram Shabani“ и не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.
Извештаите се достапни на линковите:
ТВ Феста – (прекршување на член 14 од Законот за медиуми) – 18.06.2025
ТВ Феста – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 18.06.2025
ТВ Калтрина – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.06.2025
ТВ Кочани-ЛД – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.06.2025
ТВ Плус – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.06.2025
ТВ Ускана Медиа – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 18.06.2025