Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 24-та седница ќе ја одржи на 24.06.2025 година (вторник), со почеток во 13:30 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 23-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 05.06.2025 година.
- Предлог за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година.
- Предлог за донесување на подзаконски акти за заштита на личните податоци.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ М Арнаудов Михајло Охрид ДООЕЛ, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот АЛТРА – САТ 2000 ДООЕЛ Охрид, за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлуки за отпис на застарени побарувања од сметководствената евиденција на Агенцијата.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Истражување – Анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки.