Седница бр.2 – 07.07.2025

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 2-та седница ќе ја одржи на 07.07.2025 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 23-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 05.06.2025 година.
  2. Усвојување на Предлог-записник од Конститутивната седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 03.07.2025 година.
  3. Предлог за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година со Предлог-oдлука.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот АЛТРА-САТ 2000 ДООЕЛ Охрид, за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ М Арнаудов Михајло Охрид ДООЕЛ, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  6. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
  7. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Денови на медиумска писменост 2025.
  8. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Лиценца за Firewall.
  9. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Дигитални сертификати.
  10. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – услуга: Истражување – Анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во програмите на радиодифузерите.
  11. Разно.



Accessibility

Accessibility