Извршен контролен програмски надзор врз операторот Тотал ТВ

Скопје, 18 јули 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз Тотал ТВ со цел да утврди дали операторот постапил по Решението за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмските сервиси во рокот определен во истото, односно дали програмските сервиси што ги реемитува се регистрирани во Агенцијата согласно член 141 од ЗААВМУ.

Контролниот надзор врз ТОТАЛ ТВ покажа дека операторот постапил во целост по упатеното решение.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

Тотал ТВ (член 141 од ЗААВМУ) – 18.07.2025



Accessibility

Accessibility