Скопје, 22 јули 2025 – Советот на Агенцијата на 5-та седница одржана на 21 јули врз основа на констатации од извршени надзори изрече мерки јавна опомена на ТВ Канал Феста и ТВ Плус.
На двете телевизии јавните опомени им се изречени заради не емитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум се емитувани во периодот од 7:00 до 19:00 часот, на 3-ти јуни 2025 година.
Изречените мерки јавна опомена се достапни на следните линкови:
ТВ Плус (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.07.2025
ТВ Канал Феста (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 22.07.2025