Скопје, 30 јули 2025 – Советот на Агенцијата на 6-та седница одржана на 29 јули 2025 година, поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрече мерки јавна опомена на ТВ Ускана Медиа и ТВ Канал Феста.
Мерка јавна опомена на ТВ Феста е изречена заради необезбедување информации коишто треба да им се направат достапни на корисниците, на ТВ Ускана Медиа поради неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела и поради емитување на реклама на англиски јазик без да се обезбеди превод на јазиците на кои медиумот емитува програма согласно дозволата.
Мерките јавна опомена се достапни на линковите:
ТВ Канал Феста – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 29.07.2025
ТВ Ускана Медиа – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 29.07.2025
ТВ Ускана Медиа – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 29.07.2025