Седница бр.21 – 12.12.2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 21. седница ќе ја одржи на 12.12.2025 година (петок), со почеток во 11:00 часот, преку видеоконференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување Предлог-записник од 20. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 21.11.2025 година.
  2. Предлог за покренување прекршочна постапка против операторот Друштво за трговија и услуги „Тотал ТВ“ ДОО Скопје за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  3. Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТДРД ТВ „Шутел“ ДООЕЛ Скопје.
  4. Предлог за давање одобрување за спроведување постапка под вредносни прагови за примена на Законот за јавните набавки, услуга – обука на тема „Примена на стандардите при подготовка на техничките спецификации, дефинирање на критериумите за утврдување способност“.
  5. Предлог за давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка – услуга: закуп на простор за објавување огласи во дневни весници.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка – услуга: надворешна контрола за безбедност и издржливост на мрежата и интернет-порталите на Агенцијата.
  7. Предлог за одобрување финансиски средства за обновување на 2 (два) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
  8. Разно.


Accessibility

Accessibility