Редовни програмски и административни надзори врз радијата Модеа, Александар Македонски, Јехона, Супер радио и Мефф

Скопје, 24 декември 2025 г. –  Врз радијата Модеа, Александар Македонски, Јехона, Супер радио и Мефф, Агенцијата изврши редовни програмски надзори за законските одредби коишто се однесуваат на правилата за емитување аудиокомерцијални комуникации, обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање и емитување игри на среќа.

Врз истите медиуми спроведени се и редовни административни надзори за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да ги направат достапни до корисниците и идентификација на радиодифузер.

Надзорите покажаа дека Радио Јехона на 3 декември 2025 година не ги обезбеди информациите што треба да им се достапни на корисниците, додека Радио Модеа на истиот ден во четири рекламни блока емитувал аудиокомерцијална комуникација во која лажно се претставувале природата и карактеристиките на рекламираната услуга и притоа се поттикнувало однесување кое е штетно за здравјето.

Извештаите може да се преземат на линковите:

РА Модеа –  (прекршување на член  53 став 4 алинеја 3 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

РА Модеа – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

РА Јехона – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

РА Јехона – (членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

Александар Македонски – (членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

Александар Македонски – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

РА Супер – (членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

РА Супер – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

РА Мефф – (членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.12.2025

РА Мефф – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 23.12.2025



Accessibility

Accessibility