Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 1. седница ќе ја одржи на 14.1.2026 година (среда), со почеток во 13:30 часот, преку видеоконференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување Предлог-записник од 26. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 26.12.2025 година.
- Предлог-одлука за продолжување на дозволата за радио емитување на Трговско радиодифузно друштво РАДИО ЈЕХОНА ФМ ДООЕЛ Куманово.
- Предлог-одлука за промена на сопственичката структура на ТРД РАДИО ВАТ ДОО Скопје.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД МОДЕА ДООЕЛ Свети Николе за прекршување на член 53 ставови 4 и 5, а во врска со член 53 ставови 6 и 19 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ЈЕХОНА ФМ ДООЕЛ Куманово за прекршување на членот 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Разно.