Изречени мерки јавна опомена на радијата Јехона и Модеа

Скопје, 15 јануари 2026 – Советот на Агенцијата на 1-та седница одржана на 14 јануари 2026 година, поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрече две мерки јавна опомена.

Мерка јавна опомена на радио Јехона е изречена заради не обезбедување информации што треба да им се направат достапни на корисниците додека на радио Модеа поради тоа што во четири рекламни блока има емитувано аудиокомерцијална комуникација во која лажно се претставува природата и карактеристиките на рекламираната услуга и притоа се поттикнува однесување коешто е штетно за здравјето.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

РА Јехона  – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 15.01.2026

РА Модеа – (член 53 став 4 алинеја 3 и став 5 од ЗААВМУ) – 15.01.2026



Accessibility

Accessibility