Скопје, 21 јануари 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден административен надзор врз работата на ТВ Сонце за да се утврди дали имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини.
При извршениот мониторинг беше констатирано дека ТВ Сонце не работи согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно дека повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини престанал со емитување на програмскиот сервис.
Извештајот е достапен на следниот линк:
ТВ Сонце – (прекршување на член 82 став 1 алинеја 2 од ЗААВМУ) – 20.01.2026