Скопје, 25 февруари 2026г. – Врз издавачите на онлајн медиуми-интернет портали МОТИОН ГРУП издавач на www.trn.mk, ТЕЛЕВИЗИЈА УСКАНА МЕДИА издавач на www.uskana.mk и А ПОЗИТИВ КОМУНИКАЦИИ издавач на www.48chasa.mk, спроведен е редовен административен надзор за обврската од Законот за медиуми според која издавачот на онлајн медиумот – интернет порталот е должен на видно место за секој поединечен носител на содржина да обезбеди објавување на податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум, име на одговорното лице на издавачот на медиум и име и презиме на одговорниот уредник, односно уредниците во согласност со внатрешната организација на уредништвото.
Обврската од членот 14 став 1 од Законот за медиуми е во целост исполнета кај трите онлајн медиуми-интернет портали опфатени со надзорот.
Извештајот од надзорот е достапeн на линкот:
Општ извештај (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 25.02.2026