Скопје, 26 февруари 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз издавачите на печатени медиуми: МЕДИУМ БОЈА 43 издавач на „Штипски глас“, КОЛОР МЕДИА ПЛУС издавач на „Убавина и здравје“, БИРО ПРЕС издавач на „Порта3, ВИЗИОНИ М издавач на „Шења“ и КЛИКЕР МАРКЕТИНГ издавач на „InStore.
Предмет на надзор беше обврската од членот 14 став 1 од Законот за медиуми, кој се однесува на објава на податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум, име на одговорното лице на издавачот на медиум, име и презиме на одговорниот уредник, односно уредниците во согласност со внатрешната организација на уредништвото и назив и адреса на печатницата и датумот на печатење или препечатување, како и бројот на печатени примероци, кога се работи за печатен медиум“
Надзорот покажа дека обврската е во целост исполнета кај сите печатени медиуми.
Извештајот е достапен на линкот:
Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 26.02.2026