Анализа на медиумскиот пазар во Македонија

Скопје, 19 март 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи Анализа на медиумскиот пазар во Македонија, со цел да се обезбедат сознанија за обемот и карактеристиките на вкупниот медиумски пазар во Македонија, преку анализа на четири медиумски сектори: печатени медиуми, онлајн медиуми – интернет-портали, телевизии и радиостаници.

Анализата покажува дека медиумската индустрија функционира во услови на ограничен економски потенцијал и висока структурна фрагментација. Ограничениот обем на пазарот, скромните буџети за рекламирање и големиот број медиумски субјекти создаваат средина во која финансиската одржливост на многу медиуми е неизвесна, а можностите за инвестиции во квалитетна продукција се ограничени. Предизвиците со кои се соочуваат медиумите можат да се надминат само со системски мерки насочени кон зајакнување на нивната економска одржливост и на развојниот потенцијал.

Анализата на медиумскиот пазар во Македонија е достапна на следниот линк.



Accessibility

Accessibility