Скопје, 19 март 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовни програмски и административни надзори врз Наша ТВ, ТВ Компани 21-М, ТВ Шења и ТВ 24 Вести.
Предмет на надзорите беа обврските за објава на импресум, идентификација на радиодифузерот, информации кои треба да се достапни до корисниците, правилата за заштита на малолетници, за емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, обврски при обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање и емитување игри на среќа.
При надзорите беше констатирано дека на програмата на ТВ Компани 21-М не се почитувани правилата за заштита на малолетници, за емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации и за објавување на импресум.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Наша ТВ (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 19.03.2026
Наша ТВ (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 19.03.2026
ТВ Компани 21-М (прекршување на член 55 став 6 и 7 од ЗААВМУ) – 19.03.2026
ТВ Компани 21-М (прекршување на член 50 став 3 од од ЗААВМУ) – 19.03.2026
ТВ Компани 21-М (прекршување на член 14 од ЗМ) – 19.03.2026
ТВ Шења (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 19.03.2026
ТВ Шења (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 19.03.2026
ТВ 24 Вести (член 50 став 3, член 50-а, членовите 53, 54, 55, 98, 99, и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 19.03.2026
ТВ 24 Вести (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 19.03.2026