Вонреден административен надзор врз сите телевизии што емитуваат програма

Скопје, 20 мај 2026г Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден административен надзор врз работата на сите телевизии што емитуваат програма, со цел да констатира дали некој радиодифузер извршил промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Со надзорот е констатирано дека нема прекршувања на одредбите од член 41 ставови 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно дека ниту една телевизија не извршила промена на сопственичката структура без претходно да ја извести Агенцијата и пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Извештајот е достапен на следниот линк

Општ извештај – (член 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ) – 20.05.2026



Accessibility

Accessibility