Одржан вториот јавен состанок на АВМУ за 2026 година

Скопје, 24 јуни 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа вториот јавен состанок за 2026 година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски ги презентираше активностите реализирани согласно Годишната програма за работа, во текот на вториот квартал од годината.

Во рамки на состанокот, присутните беа информирани за спроведените програмски и административни надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по барање, издавачите на печатени медиуми и на онлајн медиумите-интернет порталите.

Меѓу другото се говореше и за мерките јавна опомена изречени заради непочитување на ЗААВМУ и Законот за медиуми, информациите поврзани со дозволите за радио и телевизиско емитување, изготвените анализи и истражувања, како и активностите поврзани со меѓународната соработка.

На крајот на состанокот беше отворена панел дискусија на која се дискутираше за различни прашања од медиумската област. Презентацијата со прегледот на реализираните активности на АВМУ за периодот април – јуни 2026 година е достапна на следниот линк.

 

 



Accessibility

Accessibility