Извршен редовен административен надзор врз МРТ 1, МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5

Скопје, 30 јуни 2026 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз телевизиските програмски сервиси на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА – МРТ 1, МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5, за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и обврската за објава на идентификација на радиодифузерот.

При административниот надзор е констатирано дека телевизискиот програмски сервис МРТ 3, на 3 јуни 2026 година, во дел од емитуваната програма, не ги објави податоците што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис.

 Извештаите се достапни на следните линкови:

 MРT 1 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 29.06.2026

MРT 2 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 29.06.2026

MРT 3 – (прекршување на член 14 од ЗМ ) – 29.06.2026

MРT 4 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 29.06.2026

MРT 5 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 29.06.2026



Accessibility

Accessibility