Скопје, 26 ноември 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз МРТ 1 и контролни административни надзори врз ТВ Дуе и ТВ Њуз, за да утврди дали радиодифузерите постапиле по изречените мерки јавна опомена, упатени заради непочитување на обврските од ЗААВМУ и Законот за медиуми.
Со контролните надзори констатирано е дека радиодифузерите во целост постапиле по решенијата за изрекување мерка јавна опомена.
Извештаите се достапни на линковите:
МРТ 1 – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 25.11.2026
ТВ Дуе – (член 14 од Законот за медиуми) – 25.11.2026
ТВ Њуз – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 25.11.2026
ТВ Њуз – (член 14 од Законот за медиуми) – 25.11.2026