СКОПЈЕ, 15 мај 2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на сателитската телевизија А2, и’ даде дополнителен рок од седум дена да ја усогласи емитуваната програма согласно со форматот, што е содржан во дозволата.[…]
Igor Petrov
09.05.2012г. Делегација на НАТО во посета на СРД
СКОПЈЕ, 9 мај, 2012 – Состојбата со медиумите во Република Македонија, улогата на Советот за радиодифузија (СРД) како регулаторно тело за електронски медиуми и унапредувањето на слободата на изразување беа темите за разговор на состанокот меѓу делегацијата на НАТО, предводена од г. Лори Вокер, надлежен претставник од службите на НАТО за досието на Република Македонија, со членовите на СРД.[…]
03.05.2012г. Слободата на медиумите – врвен приоритет на СРД
СКОПЈЕ, 03.05.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите медиуми им го честита денешниот Меѓународен ден на слободата на медиумите, којшто има цел промовирање и подигнување на свеста за значењето на слободата и независноста на медиумите.[…]
18.04.2012г. М-р Зоран Трајчевски е новиот претседател на СРД
СКОПЈЕ, 18.04.2012 – Членовите на Советот за радиодифузија на денешната седница едногласно го избраа м-р Зоран Трајчевски за нов претседател на СРД по констатирањето на завршувањето на мандатите на тројцата поранешни членови, академик Али Алиу, проф. Томе Груевски и Зоран Стефаноски.[…]
06.04.2012г. СРД им ги одзеде дозволите на „Џангл ТВ“ и на „ТВ Перспектива“ (Скај Нет Плус)
06.04.2012г. ТВ Сител ги има ексклузивните права за емитување на натпреварите на ракометните квалификациски турнири за Олимписките игри 2012
СКОПЈЕ 06.04.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите оператори на јавна комуникациска мрежа (кабелски, IPTV, DVB-T), коишто реемитуваат странски програмски сервиси во Р. Македонија, а на кои ќе се врши пренос на ракометните квалификациски турнири за пласман на Олимписките игри во Лондон, им наложи да вршат затемнување на екраните, во периодот кога ќе се реемитуваат овие турнири.[…]
03.04.2012г. Претставници од СРД даваат активен придонес на конференцијата „Култура на дебатирање, слобода на изразување и независни медиуми“
СРД повикува медиумите да промовираат култура на толеранција во општеството
СКОПЈЕ, 11 март 2012 – Советот за радиодифузија (СРД) изразува загриженост за начинот на известување во однос на актуелните инциденти на насилство. Затоа им укажува на радиодифузерите, при медиумското покривање на овие инциденти да придонесуваат кон намалување на тензиите, кон унапредување на општествениот дијалог, да промовираат култура на толеранција и да не поттикнуваат омраза и нетрпеливост.[…]
07.03.2012г. СРД иницираше дијалог меѓу реемитувачите на странски канали и останатите чинители со цел подобрување на програмската понуда
СКОПЈЕ, 7 март 2012 – Надминувањето на актуелните правни проблеми околу реемитувањето на јавните телевизиски програмски сервиси од Хрватска, Црна Гора и Словенија во Македонија беше тема на денешниот состанок, што се одржа во Советот за радиодифузија (СРД) на кој присуствуваа претставници од операторите на јавните комуникациски мрежи како и претставници од амбасадите на овие земји.[…]