11.06.2010г. Прекршочни и кривични пријави за кабелските оператори, што ги прекршуваат авторските права

СКОПЈЕ, 11 јуни, 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница одлучи на 11 кабелски оператори да им издаде налози за исклучување на телевизиски сервиси со нерегулирани авторски и сродни права. Против оние кабелски оператори, кои не постапиле по претходните налози за исклучување на нелегалното реемитување на програмски сервиси, СРД одлучи да поведе прекршочни и кривични постапки.[…]

27.05.2010г. СРД издаде налог за исклучување на национални телевизии од BoomTV

СКОПЈЕ 27.05.2010 – Поради нерегулирани авторски и сродни права Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница му наложи на операторот на дигитална терестријална мрежа Digiplus Multimedia од програмскиот пакет BoomTV да ги исклучи националните терестријални телевизии: Канал5, Канал5 Плус, Сител, Сител3 и Алсат-М.[…]

16.05.2010г. Милаим Фетаи е новиот заменик-претседател на СРД

СКОПЈЕ 26.05.2010 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска го констатираше истекувањето на мандатот на заменик-претседателот, Фарук Омерагиќ и на истата седница го избра м-р Милаим Фетаи за нов заменик-претседател на СРД.[…]

18.05.2010г. СРД ги повикува радиодифузерите да ги почитуваат програмските стандарди за да се спречи појава на говор на омраза

СКОПЈЕ, 18.05.2010 – Советот за радиодифузија (СРД) е загрижен од најновите случувања кај електронските медиуми, коишто вклучуваат и елементи што ги нарушуваат програмските стандарди и би можеле да доведат и до појава на говор на омраза.[…]

13.05.2010г. СРД побара брзо решавање на спорот меѓу BoomTV и четирите национални телевизии

СКОПЈЕ,  13.05.2010 – Во однос на последните случувања со барањето на ТВ Телма, ТВ Сител, ТВ Канал5 и ТВ Алсат – М да бидат исклучени од пакетот BOOM TV на операторот Digiplus Multimedia, Советот за радиодифузија (СРД) ги повикува сите инволвирани страни што побргу да изнајдат заедничко решение за уредување на авторските и сродните права во интерес на публиката.[…]

04.05.2010г. Раскинати договорите на 35 кабелски оператори за пренос на „Пинк“

СКОПЈЕ, 04.05.2010 – Медиа систем (Media System GmbH) од Виена, како застапник на преносот на правата за реемитување на телевизиските програмски сервиси на РТВ Пинк, познати под имињата Пинк Плус, Пинк Музика и Пинк Фолк за подрачјето на Република Македонија, на 30 април оваа година,[…]

03.05.2010г. СРД на сите медиуми им го честита Меѓународниот ден за слобода на медиумите

СКОПЈЕ, 03.05.2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите медиуми им го честита Меѓународниот ден за слобода на медиумите. Членовите на СРД се едногласни, дека еден од носителите на демократските општества се независните и професионални медиуми, коишто поттикнуваат општествен дијалог, им се обраќаат на различните општествени групи и поттикнуваат општествена кохезија.[…]

28.04.2010г. СРД организираше работилница за регионализацијата на радиодифузијата

СКОПЈЕ, 28.04.2010 – Процесот на регионализација на радиодифузијата беше во фокусот на денешната работилница, што ја организираше Советот за радиодифузија, а на која учествуваа околу шеесетина претставници од локални и национални телевизии од цела Македонија, како и претставници од невладиниот сектор.[…]

26.04.2010г. СРД ги отфрла обвинувањата за непрофесионално работење

СКОПЈЕ, 26.04. 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) ги отфрла сите неосновани напади, коишто доаѓаат од политички и бизнис субјекти во однос на неговото работење, изнесени во одредени медиуми и на партиски конференции за печат.[…]

07.04.2010г. Успешна трансформација на јавното Радио Охрид во комерцијален медиум

СКОПЈЕ, 7 април 2010 – Поранешното јавно локално Радио Охрид успешно се трансформираше во комерцијален радиодифузер со што ги исполни законските услови за Советот за радиодифузија (СРД) да му додели дозвола за комерцијално вршење радиодифузна дејност на локално ниво.[…]



Accessibility

Accessibility