Скопје, 07.06.2019 – На 24-та седница, одржана завчера, Советот на Агенцијата донесе шест решенија за изрекување мерка јавна опомена за радиодифузерите ТВ Гурра, ТВ Топестрада, Радио Би-Ки-Ал, Радио 106, Капитол ФМ и Радио Ла Коста.[…]
Јавна опомена за осум радиодифузери
Скопје, 7 јуни 2019 – Советот на Агенцијата на 24-та седница, донесе осум решенија за изрекување мерка јавна опомена за Радио Аљбана Плус, Еко Радио, Радио Кочани, Радио Лав, Хит Радио, локалната ТВ Канал 21 од Велес, ТВ Клан Македонија и ТВ Канал Вис.[…]
Редовен и контролен програмски надзор врз четири оператори
Скопје, 6 јуни 2019 – Врз операторите Сигнал-Нет од Куманово и Винсат Кабел од Виница, извршен е редовен програмски надзор за правилата за титлување и регистрација на програмските сервиси во Агенцијата. При надзорите не беа констатирани прекршувања. […]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 05.06.2019 – Деновиве, како резултат на истражувачко новинарство, на јавноста и беа предочени информации за истовремен ангажман на две лица и како активно вработени новинари во телевизии, и како советници на премиерот Зоран Заев. Имајќи ги предвид овие сознанија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги сака да го сврти вниманието кон следново:[…]
Вонреден административен надзор врз Радио Б-97
Скопје, 3 јуни 2019 година – Вонреден административен надзор за почитувањето на обврските за минимални кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување е извршен врз радио Б-97 од Битола.[…]
Контролен надзор врз ТВ Телма и ТВ Компани 21-М
Скопје, 3 јуни 2019 година – По изречените мерки јавна опомена, на ТВ Телма и ТВ Компани 21-М им е извршен контролен надзор. Надзор на ТВ Телма е извршен за обврските за објава на импресум и за заштита на малолетната публика од содржини кои би можеле да им наштетат на нивниот развој. За почитувањето на обврските за заштита на малолетната публика, контролен надзор е извршен и врз ТВ Компани 21-М.[…]
Јавна опомена за Радио БИ-КИ-АЛ
Скопје, 31 мај 2019 година – На вчерашната 23-та седница, Советот на Агенцијата врз основа на констатација од извршен надзор и констатирано прекршување на локалното радио БИ-КИ-АЛ од Битола, донесе Решение за изрекување мерка јавна опомена.[…]
Делегација ко-известители на ПС на СЕ во работна посета на АВМУ
Скопје, 31.05.2019 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски вчера имаше работен состанок со ко-известителите на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа[…]
Соопштение за јавност
Скопје, 29.05.2019 – Во контекст на последните настани во медиумот „Слободен печат“ и оставката на главниот и одговорен уредник Бранко Геровски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш потенцира дека независноста и самостојноста на уредниците и новинарите мора да биде гарантирана.[…]
Стабилното и независното финансирање се нужност за квалитетен јавен сервис
Сараево, 28.05.2019 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски денеска во Сараево учествуваше на регионалната конференција „Финансирање на јавните радиодифузни сервиси (ЈРС) во Западен Балкан“.[…]