Скопје, 14.06.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје, со цел да провери дали овој радиодифузер постапил по Решението за преземање на мерка-[…]
Активности на АВМУ за популаризирање на правото за одговор и исправка
Скопје, 13 јуни 2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во изминатиот период, спроведе низа активности насочени кон подигање на јавната свест во врска со користењето на правото на одговор и исправка. Ова право е механизам преку кој граѓаните и правните субјекти можат да ги повикаат на одговорност медиумите во случаите кога тие, случајно или намерно, ќе објават неточна информација или ќе повредат нечии права и интереси.
Повик за состанок за Нацрт-Правилникот за утврдување на локациите за испорачување на сигналот од ОЈЕКМ и давателите на АВМУ по барање
Скопје, 31.05.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи Нацрт-Правилник за утврдување на локациите до кои ОЈЕКМ кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал,[…]
ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ МЕДИУМИТЕ
Скопје, 27.05.2016 година – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашното повторно обојување на фасадата на објектот на Телевизија Сител.
РЕАКЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА НА СТАВОВИТЕ НА ММА И НА СДСМ: АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ СО ФАКТИ, А НЕ СО ЗАКАНИ И НАПАДИ
Скопје, 20 мај 2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги обично реагира кусо и концизно. Меѓутоа, последните две реакции во врска со констатациите од мониторингот на медиумското известување во периодот по распишувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 година – едната од СДСМ, а другата од Македонската медиумска асоцијација, бараат на едно место да се соберат фактите од 18-годишното функционирање на регулаторното тело.
Ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“- Скопје во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелним медиумски услуги
Скопје, 20.05.2016г. – Ученици од девето одделение при Основното училиште „Браќа Миладиновци од Скопје, во рамки на наставата по предметот граѓанско образование, денес ја посетија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За време на посетата, имаа можност да се запознаат со организацијата, надлежностите и практичното работење на Агенцијата.[…]
Извештаи од констатирани прекршувања на Изборниот законик
Скопје, 13.05.2016г. – Со мониторингот на медиумското претставување во вестите, реализиран во периодот од 25 април до 4 мај 2016 година, е констатирано дека ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител, известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО ДПМНЕ, со што е прекршен член 75-б од Изборниот законик.[…]
ТРИ ПРЕКРШОЧНИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ИЗБОРНО МЕДИУМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ
Скопје, 13 мај 2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во вториот извештај од мониторингот на медиумското претставување во вестите по распишувањето на изборите, за периодот од 25 април до 4 мај 2016 година, констатира дека ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител, известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО ДПМНЕ. За констатираните прекршувања се покренати прекршочни постапки.[…]
РАЗЛИЧЕН ОДНОС КОН ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ПРВИТЕ 10 ДЕНА ОД ПРЕДИЗБОРИЕТО
Скопје, 28 април 2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во Извештајот за медиумското претставување во првите десет дена по распишувањето на изборите, констатира дека дел од медиумите не ги почитуваат програмските начела за објективно и непристрасно прикажување на настаните, обезбедување различни,[…]
Осуда на нападот на Телевизија Сител
Скопје, 07.05.2016 година – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот на Телевизија Сител, којшто се случи вчеравечер,од страна на учесници во таканаречената „Шарена револуција“.[…]