16.11.2012г. Национален семинар „Развојни политики на аудиовизуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување“.

Скопје, 16 ноември 2012 година. Како дел од активностите предвидени со регионалниот проект на Југоисточна Европа – Digi TV, во  организација на Советот за радиодифузија денеска се одржа национален семинар на тема „Развојни политики на аудиовизуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување“.[…]

10.10.2012г. Работен состанок со радијата

 

СКОПЈЕ – 10.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска беше домаќин на работен состанок  со претставниците на радијата на национално и на регионално ниво. Овој состанок беше посветен на неколку аспекти од работењето на радиостаниците во Република Македонија, при што беа разгледани конкретни проблеми при спроведувањето на правилата за рекламирање и спонзорство.[…]

03.10.2012г. СРД го прифати барањето на Радиото Класик ФМ за промена на сопственичката структура

СКОПЈЕ, 03.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната 42-ра седница  го прифати барањето на ТРД Гаудеамус Радио Класик ФМ, Мартин Дооел од Скопје за промена на сопственичката структура, откога беше констатирано дека со предложената промена нема да се создаде недозволена медиумска концентрација. Со ова се исполни и условот за стопирање на постапката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.[…]

25.09.2012г. ДЕМАНТ за написот во дневниот весник ДЕН со наслов: „Кој е кој во австралискиот радиодифузен сектор?“

СКОПЈЕ, 25.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ги демантира наводите во дневниот весник ДЕН од 25 септември 2012 година во однос на тоа дека добил материјал од кој може да се заклучи дека фирмата што се претставува како SCTV е легална.
[…]

24.09.2012г. СРД ги повика операторите на јавните комуникациски мрежи да ги почитуваат правата за спортски лиги и првенства

СКОПЈЕ, 24.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) им укажува на сите оператори на јавни комуникациски мрежи дека треба да ги почитуваат правата за емитување и реемитување на натпреварите од УЕФА-Лигата на шампиони,  УЕФА-Лига Европа и другите спортски лиги и првенства.
[…]

19.09.2012г. Претставник на фирмата TV Plus, сопственик на австралиските канали BОM и K-15 Music, го посети СРД

СКОПЈЕ, 19.09.2012 – Програмските телевизиски сервиси, коишто на македонската публика и’ беа познати како Best of Macedonia (BOM) и K-15 Music се нелегални и не соодветствуваат со легално регистрираните австралиски канали BOM и K-15 Music, што се емитуваат во Австралија – ова беше пораката што претставникот на TV Plus, Џон Јеремиќ му ја соопшти на претседателот на СРД, м-р Зоран Трајчевски.[…]

18.09.2012г. СРД доби нов допис за сопственста на BOM и К-15 Music

Советот за радиодифузија на Република Македонија ја информира македонската јавност дека денеска (18 септември 2012 година) доби допис од австралиската компанија TV Plus Broadcasting Company PTY Ltd, во кој се наведува дека го откупила комплетниот бизнис на United Broadcasting International (UBI World TV), каналите, корисниците, лиценците за радиодифузија, веб страниците на  UBI, BOM, К-15 music,  како и сите поврзани марки.[…]

16.09.2012г. СРД бара од политичките партии да ја почитуваат неговата независност како регулаторно тело

СКОПЈЕ, 16.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ги отфрла обвинувањата на политичката партија СДСМ, во однос на реемитувањето на австралиската телевизија Best of Macedonia (BOM) во Р. Македонија.[…]



Accessibility

Accessibility