1

Пријава за евидентирање во регистарот на даватели на АВМУ по барање

Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање можете да ја преземете на следниот линк.

 




Надзори/Изречени мерки на даватели на АВМУ по барање

Македонски Телеком АД Скопје 

А1 Македонија ДООЕЛ Скопје (поранешно Оне.Вип Скопје) 

Неотел ДОО Скопје 

Свод Мастер ДОО Скопје

 




Регистар на АВМУ по барање

Насоки за идентификација на давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање за 2017 година

excel-logo  Преземи регистар на даватели на АВМУ по барање (ажурирано на 16.05.2017)




Даватели на АВМУ по барање

Видео по барање (или согласно законот, аудиовизуелна медиумска услуга по барање) е услуга со која му се овозможува на корисникот тој самиот да избере кои програми сака да ги гледа и во кој период сака да ги гледа. Програмите се избираат од однапред подготвен каталог на програми.

Ваква услуга може да се дава само по претходно издадена потврда од страна на Агенцијата. Во Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање досега се евидентирани два субјекти. Едниот ја обезбедува услугата Max TV Видеотека, а другиот Vip Now on Demand.

Агенцијата врши надзор врз обврските за кинематографски дела (кои не смеат да се објавуваат односно пренесуваат надвор од периодот утврден во договорите со имателите на права); заштита на малолетни лица и за промоција на производство и пристап до европски дела (последната обврска не е задолжителна туку кога тоа е изводливо).