image_pdfimage_print

Редовен програмски надзор врз давателот на АВМУ по барање А1 Македонија

Скопје, 29 ноември 2021 – За обврските коишто се однесуваат на пренесување на кинематографски дела, заштита на малолетните лица и промоција на производство и пристап до европски дела, извршен е редовен програмски надзор врз  давателот на АВМУ по барање А1 Македонија од Скопје[…]

Редовен програмски надзор врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Канал 8, ТВ Дуе, ТВ Гурра и ТВ Протел

Скопје, 26 ноември 2021 година – Редовен програмски надзор за почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетната публика, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество, за употреба на јазикот во програмите, исполнување на квотата за емитување изворно создадена програма е извршен врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Канал 8, ТВ Дуе, ТВ Гурра и ТВ Протел.[…]

Редовен административен надзор врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Канал 8, ТВ Дуе, ТВ Гурра и ТВ Протел

Скопје, 26 ноември 2021 година – За законските обврски коишто се однесуваат на објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни на корисниците и за објава на идентификација на радиодифузерот, редовен административен надзор е извршен врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Канал 8, ТВ Дуе, ТВ Гурра и ТВ Протел[…]

Редовен програмски надзор врз операторот Неотел

Скопје, 24 ноември 2021 – Редовен програмски надзор за обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат операторите е извршен врз операторот Неотел[…]

​ Редовен административен надзор врз сите 111 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

 Скопје, 24 ноември 2021г. – Агенцијата изврши редовен административен надзор врз сите 111 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма, за обврската податоците за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година да ги објават на сопствената програма, најмалку три пати годишно, во ударни термини и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето[…]

Редовен програмски надзор врз Антена Ас Ктв и КДС-Кабел Нет

Скопје, 12 ноември 2021 – Редовен програмски надзор за обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат операторите е извршен врз операторот КДС-Кабел Нет од Прилеп[…]

Редовен програмски надзор врз операторите Бив Пирамида и Винсат Кабел

Скопје, 11 ноември 2021 – Редовен програмски надзор за обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат операторите е извршен врз операторите Бив Пирамида и Винсaт Кабел[…]

Редовен програмски надзор врз 7 кабелски оператори

Скопје, 11 ноември 2021 – За обврската на операторите на ЈЕКМ кои реемитуваат програмски сервиси, во програмскиот пакет кој го нудат задолжително и бесплатно да се содржани програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, извршен е редовен програмски надзор врз 7 оператори[…]

Вонреден административен надзор врз РА Актуел и ТВ Нова

Скопје, 9 ноември 2021  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност, изврши вонреден административен надзор врз Радио Актуел од Битола и ТВ Нова од Гевгелија за да утврди дали ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување[…]

Редовен административен надзор врз 7 издавачи на печатени медиуми

Скопје, 29 октомври 2021г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз Колор медиа плус издавач на „Убавина и здравје“, Визиони М издавач на „Шења“, Зeнит прес плус издавач на „Зенит“, Медиа прес ВМ издавач на „Битолски весник“, Ехо медиа груп издавач на “Македонско ехо“, Медиум боја 43 издавач на „Штипски глас“ и Паблик издавач на „Лице в лице[…]



Accessibility

Accessibility