Промовирани публикациите „Политика за медиумска писменост“ и „Регулаторните тела за медиуми и заштитата на малолетните лица“

Скопје, 17 јуни 2019 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа вториот јавен состанок за 2019 година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски, ги презентираше активностите од изминатиот квартал, спроведени согласно Годишната програма за работа […]

Вонреден административен надзор врз сите радиодифузери коишто емитуваат радио и ТВ програма

Скопје, 8 јуни 2019 – Врз сите радиодифузери коишто емитуваат радио и ТВ програма, извршен е вонреден административен надзор за да се утврди дали некој променил сопственичка структура, без претходно да ја извести Агенцијата.[…]

Редовен административен надзор врз ТВ Сонце

Скопје, 8 јуни 2019 – За обврската за доставување на писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или телевизиско емитување, а особено за спроведување на програмскиот концепт, најдоцна до 31 март 2019 година, редовен административен надзор е извршен врз ТВ Сонце.[…]

Изречена мерка јавна опомена за шест радиодифузери

Скопје, 07.06.2019 – На 24-та седница, одржана завчера, Советот на Агенцијата донесе шест решенија за изрекување мерка јавна опомена за радиодифузерите ТВ Гурра, ТВ Топестрада, Радио Би-Ки-Ал, Радио 106, Капитол ФМ и Радио Ла Коста.[…]

Јавна опомена за осум радиодифузери

Скопје, 7 јуни 2019 – Советот на Агенцијата на 24-та седница, донесе осум решенија за изрекување мерка јавна опомена за Радио Аљбана Плус, Еко Радио, Радио Кочани, Радио Лав, Хит Радио, локалната ТВ Канал 21 од Велес, ТВ Клан Македонија и ТВ Канал Вис.[…]

Редовен и контролен програмски надзор врз четири оператори

Скопје, 6 јуни 2019 – Врз операторите Сигнал-Нет од Куманово и Винсат Кабел од Виница, извршен е редовен програмски надзор за правилата за титлување и регистрација на програмските сервиси во Агенцијата. При надзорите не беа констатирани прекршувања. […]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 05.06.2019 – Деновиве, како резултат на истражувачко новинарство, на јавноста и беа предочени информации за истовремен ангажман на две лица и како активно вработени новинари во телевизии, и како советници на премиерот Зоран Заев. Имајќи ги предвид овие сознанија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги сака да го сврти вниманието кон следново:[…]

Вонреден административен надзор врз Радио Б-97

Скопје, 3 јуни 2019 година – Вонреден административен надзор за почитувањето на обврските за минимални кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување е извршен врз радио Б-97 од Битола.[…]

Контролен надзор врз ТВ Телма и ТВ Компани 21-М

Скопје, 3 јуни 2019 година – По изречените мерки јавна опомена, на ТВ Телма и ТВ Компани 21-М им е извршен контролен надзор. Надзор на ТВ Телма е извршен за обврските за објава на импресум и за заштита на малолетната публика од содржини кои би можеле да им наштетат на нивниот развој. За почитувањето на обврските за заштита на малолетната публика, контролен надзор е извршен и врз ТВ Компани 21-М.[…]



Accessibility

Accessibility