Дискриминација, нетрпеливост  и говор на омраза во „Миленко Неделковски шоу“

Скопје, 13.03.2018г. – Со вонредниот надзор извршен по службена должност на емисијата „Миленко Неделковски шоу“ емитувана на ТВ Алфа, на 27 јануари 2018 година, Агенцијата констатираше дека во ова издание се изнесени повеќе изјави и ставови со кои се поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на етничка припадност.[…]

Демант на наводи изнесени од министерот Роберт Поповски на јавна дискусија

Скопје, 04.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  најостро ги демантира наводите на министерот Роберт Поповски, од Јавната дискусија, одржана на 2 март 2018 година, во Владата на Република Македонија, дека Агенцијата со години не функционирала и не си ги вршела надлежностите, во контекст на реемитување странски програмски сервиси без авторски права.

[…]

Промовирани ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите и истражување за родот во телевизиските програми во 2017г.

Скопје, 01.03.2018г. – Со цел да се сврти вниманието на медиумите кон препознавање на важноста на информирањето за родовите прашања, како и да се поттикне надминување на родовите стереотипи, Агенцијата денес ги претстави резултатите од истражувањето за родот во телевизиските програми во 2017 година[…]

Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на АВМУ

Скопје, 22.02.2018г. – Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од заменик шефот на одделот за избори, Ричард Лапин и советничката за избори во ОБСЕ/ОДИХР Тамара Отиашвили, денеска во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го претстави конечниот извештај на Набљудувачката мисија за локални избори[…]

Мислење од Комисијата за заштита од дискриминација во однос на претставка за мизогинија и сексизам на програмите на три радио станици

Скопје, 16.02.2018г. – Во врска со поднесената претставка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за заедничката кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, Комисијата за заштита од дискриминација на РМ до Агенцијата, достави Допис – мислење […]

Контролен надзор врз операторот Тотал ТВ

Скопје, 12.02.2018г. – Врз операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Тотал ТВ од Скопје, Агенцијата изврши контролен програмски надзор за да утврди дали е постапено по претходно изречената мерка-опомена, за реемитување на програмски сервиси кои не регистрирани во Агенцијата.[…]

Редовен програмски надзор врз 6 кабелски оператори

Скопје, 07.02.2018г. – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз кабелските оператори ВИНСАТ КАБЕЛ од Виница, ИНФЕЛ–КТВ од Охрид, КАБЕЛ-НЕТ од Струмица, НЕОТЕЛ од Скопје, ПЕТ НЕТ од Гевгелија и АЛТРА – САТ 2000 од Охрид[…]

На новинарите да им се овозможи непречено вршење на работата

Скопје, 02.02.2018г. –  Во врска со вчерашната реакција на ТВ 21 дека нивен новинар бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да ја вршат својата работа[…]

ПРОМОВИРАНО ДВД ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ НАМЕНЕТО ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Скопје, 25.01.2018г. – Во рамки на заложбите за поттикнување развој на медиумска писменост, Агенцијата, денес го промовираше првиот проект на неколку членки на Мрежата за медиумска писменост – ДВД наменето за основните училишта во Република Македонија[…]



Accessibility

Accessibility