13.06.2012г. СРД ја одзеде дозволата на Телевизија А2 поради неисполнување на форматот

СКОПЈЕ, 13.06.2012 – Советот за радиодиуфузија на денешната седница констатираше, дека и покрај дадените неколку рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност и условите од дозволата, сателитското трговско радиодифузно друштво А2 Телевизија  до денеска не ја прилагоди програмата согласно добиената дозвола, по што согласно член 63 од законот, СРД ја одзеде дозволата на ТРД Телевизија А2.[…]

07.06.2012г. СРД организираше дебата на тема: „Заштита на малолетната публика: креирање квалитетни содржини за децата“

СКОПЈЕ, 07.06.2012 – Уредници од најголемите телевизиски куќи во земјава, претставници од независни продукции, од Македонскиот институт за медиуми, Првата детска амбасада – Меѓаши, Организацијата на потрошувачите и од други невладини организации и јавни институции од сферата на заштитата на децата, денеска во Советот за радиодифузија (СРД) учествуваа во дебатата, посветена на заштитата на малолетната публика.[…]

05.06.2012г. СРД домаќин на Извршниот одбор на меѓународниот проект DigiTV

СКОПЈЕ, 05.06.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска и утре ќе биде домаќин на состанокот на Извршниот и Управниот одбор на проектот DigiTV, наменет за промоција на дигиталната телевизија во Југоисточна Европа, кофинансиран со средства од ИПА-фондовите на Европската унија.

[…]

04.06.2012г. СРД утре ќе биде домаќин на состанок на Извршниот и Управниот одбор на проекот DigiTV

СКОПЈЕ, 04.06.2012 – Советот за радиодифузија утре (5 јуни) ќе биде домаќин на третиот технички состанок на Извршниот и Управниот одбор на проекот DigiTV од програмата за транснационална соработка од втората компонента на ИПА.[…]

21.05.2012г. Претседателот на СРД со свое излагање на конференцијата „Слобода и приватност на Интернет“

СКОПЈЕ, 21 мај 2012 – Заштитата на приватноста во медиумите беше темата на излагањето на претседателот на Советот за радиодифузија, м-р Зоран Трајчевски, за време на конференцијата „Слобода и приватност на Интернет“.[…]

15.05.2012г. СРД на ТВ А2 и’ даде рок од 7 дена да ја усогласи програмата со форматот од дозволата

СКОПЈЕ, 15 мај 2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на сателитската телевизија А2, и’ даде дополнителен рок од седум дена да ја усогласи емитуваната програма согласно со форматот, што е содржан во дозволата.[…]

09.05.2012г. Делегација на НАТО во посета на СРД

СКОПЈЕ, 9 мај, 2012 – Состојбата со медиумите во Република Македонија, улогата на Советот за радиодифузија (СРД) како регулаторно тело за електронски медиуми и унапредувањето на слободата на изразување беа темите за разговор на состанокот меѓу делегацијата на НАТО, предводена од г. Лори Вокер, надлежен претставник од службите на НАТО за досието на Република Македонија, со членовите на СРД.[…]

03.05.2012г. Слободата на медиумите – врвен приоритет на СРД

СКОПЈЕ, 03.05.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите медиуми им го честита денешниот Меѓународен ден на слободата на медиумите, којшто има цел промовирање и подигнување на свеста за значењето на слободата и независноста на медиумите.[…]

18.04.2012г. М-р Зоран Трајчевски е новиот претседател на СРД

СКОПЈЕ, 18.04.2012 – Членовите на Советот за радиодифузија на денешната седница едногласно го избраа м-р Зоран Трајчевски за нов претседател на СРД по констатирањето на завршувањето на мандатите на тројцата поранешни членови, академик Али Алиу, проф. Томе Груевски и Зоран Стефаноски.[…]



Accessibility

Accessibility