Скопје, 09.02.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите. Мониторингот ќе се спроведува согласно Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси од 7.02.2019 година.[…]
Соопштенија за медиуми
МИОА и исплаќа на Агенцијата помалку средства од законски утврдените
Скопје, 08.02.2019 – Советот на Агенцијата на вчерашната седница, одлучи да ја информира јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), два месеца по ред, на Агенцијата и префрла, помалку средства за финансирање на радиодифузната дејност за 2019 година, од законски утврдените.[…]
ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ НЕ ЈА УНАПРЕДУВААТ РЕГУЛАЦИЈАТА НА МЕДИУМИТЕ И НИВНАТА СЛОБОДА
Скопје, 06.02.2019 – Собранието на Република Македонија повторно, и тоа по скратена постапка, направи измени на закони кои се однесуваат на медиумите, без притоа да бидат земени предвид препораките и забелешките на стручната јавност и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.[…]
Радијата можат доброволно да пријавуваат емитување домашна музика заклучно со 8 февруари
Скопје, 04.02.2019г. – Во врска со законската можност на радијата за доброволно пријавување процент на емитување домашна музика, Советот на Агенцијата, на денешната седница донесе Насоки, со кои се утврдуваат роковите за пријавување, жанрот и времето за емитување на музика.[…]
Агенцијата стана дел од Мрежата за борба против говорот на омраза во медиумите
Скопје 30.01.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги стана дел од Мрежата за борба против говорот на омраза во медиумите, формирана на иницијатива на Советот за етика во медиумите на Македонија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. […]
Осуда за физичките напади врз медиумските работници
Скопје, 20.01.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува вчерашните напади на новинарка и фоторепортери за време на одбележувањето на верскиот празник Водици во Скопје.[…]
Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици – Годишен извештај за 2018г.
Скопје, 15.01.2019г. – За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработен Годишен извештај за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната … […]
Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на ТВ станиците за четвртиот квартал од 2018г.
Скопје, 15.01.2019г. – За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изработено истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици, за четвртиот квартал од 2018 година.[…]
Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2018 година
Скопје, 04.01.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отвореност ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за периодот од 1 јули до 31 декември 2018 година.[…]
Стапи на сила ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги
Скопје, 18.12.2018г. – Европската унија направи ревизија на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и сега, таа, покрај на телевизиите и видеата на барање се однесува и на платформите за споделување видеа. Ревидираната Директива стапи на сила денес, а земјите-членки на Унијата, треба да ја имплементираат во своите национални законодавства, најдоцна до 19 септември 2020 година. Како кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија, има обврска својата легислатива да ја усогласи со европската.[…]