Скопје, 27 септември 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа третиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите[…]
Соопштенија за медиуми
Медиумската писменост кај учениците во прва и втора година средно образование во фокусот на вториот јавен состанок на АВМУ
Скопје, 27 јуни 2024– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа вториот јавен состанок за оваа година, на кој беше промовирано Истражувањето на медиумската писменост кај учениците во прва и втора година средно образование, достапно на македонски, англиски и албански јазик[…]
ОБЈАВЕНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ИЗБОРНОТО МЕДИУМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2024 И ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024
Скопје, 30 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес ги објави извештаите за изборното медиумско претставување за Парламентарните избори 2024 од 18 до 22 април и од 25 април до 6 мај и за вториот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 од 25 април до 6 мај. […]
Објавени извештаи за емитувано ППР за втор круг Претседателски избори и за Парламентарни избори 2024
Скопје, 23 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес ги објави извештаите за платеното политичко рекламирање (ППР) емитувани за време на вториот круг од Претседателските избори и за Парламентарните избори 2024.[…]
Билатерална средба на АВМУ и НКМ во Приштина
Приштина, 22 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Независната комисија за медиуми на Република Косово (НКМ) денеска во Приштина, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација[…]
Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024
Скопје, 20 мај 2024 – Поради повторување на гласањето за Парламентарните избори 2024 во седум гласачки места во Изборните единици 5 и 6, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почнува од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година[…]
ИЗБОРЕН МОЛК ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ
Скопје, 6 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека од вечерва на полноќ започнува изборниот молк за Претседателските и Парламентарните избори, кој трае до 19 часот на 8 мај 2024 година.[…]
Извештај за медиумското претставување во првиот круг од кампањата за Претседателските избори 2024
Скопје 2 мај 2024 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал.[…]
ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ЗАПОЧНУВА ИЗБОРЕН МОЛК
Скопје, 22 април 2024 – Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април.[…]
ТВ АЛФА СО ОБЈАВА НА ЗЛОНАМЕРНИ ИНФОРМАЦИИ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ АВМУ
Скопје, 18 април 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидот на ТВ Алфа да изврши притисок врз регулаторното тело преку објава на злонамерна информација. Имено, во изданието на емисијата „Заспиј ако можеш“, премиерно емитувано вечерта на 16 април 2024 година, новинарот Горан Момировски, меѓудругото тврдеше дека Агенцијата:[…]