Скопје, 06.12.2017г. – Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, денес, го организира третиот Медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово ќе бидат домаќини на ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија.[…]
Соопштенија за медиуми
Мислење на Агенцијата за Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Скопје, 29.11.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по повод Предлог – Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од октомври 2017 година, до Министерството за информатичко општество и администрација достави Мислење.[…]
ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ОБСЕ ЗА СЛОБОДА НА МЕДИУМИ
Скопје, 15.11.2017 година – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, вчера попладне оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир.
МАЛ ОБЕМ ИНФОРМАЦИИ ОД КАМПАЊАТА ВО ВТОРИОТ КРУГ, ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ НЕ ОБЕЗБЕДИЈА НЕПРИСТРАСНО ПОКРИВАЊЕ
Скопје, 3 ноември, 2017 година:
Начин на известување
Радиодифузерите опфатени со мониторингот во вториот круг од Локалните избори, кампањата ја покриваа со помал интензитет, генерално обидувајќи се да обезбедат еднакви услови за пристап до програмите на учесниците во изборите.[…]
МИЗОГИНИЈА И СЕКСИЗАМ НА ПРОГРАМИТЕ НА ТРИ РАДИО СТАНИЦИ
Скопје, 02.11.2017г. – Деновиве се емитуваат спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“.[…]
КОНСТАТИРАНИ ДВЕ НОВИ ПРЕКРШУВАЊА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК
Скопје, 30.10.2017 година – Во текот на изборниот молк за вториот круг од гласањето на Локалните избори 2017 година, со мониторингот на Агенцијата е констатирано едно прекршување – кај Првиот програмски сервис на Македонското Радио (Радио Скопје). Имено, во емисија за земјоделците емитувани беа изјави од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.[…]
ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ИЗБОРЕН МОЛК ЗА ВТОРИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
Скопје, 27.10.2017 година – Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2017 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот во недела 29 октомври 2017 година.[…]
КАМПАЊАТА СО ПОМАЛ ИНТЕНЗИТЕТ КАЈ РЕГИОНАЛНИТЕ ТВ ГОЛЕМ ОБЕМ ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ
Скопје, 20 октомври, 2017 година:
Регионални ТВ
Радиодифузерите на регионално ниво во првиот круг од Локалните избори кампањата ја покриваа со помал интензитет, генерално обидувајќи се да обезбедат еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборите.
РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ОБЕЗБЕДИЈА ЕДНАКВИ УСЛОВИ ЗА ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ ВО ПРВИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
Скопје, 19 октомври 2017г. – Програмските сервиси на државно ниво, опфатени со мониторингот на Агенцијата, во првиот круг од Локалните избори генерално обезбедија еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување.
Покрената прекршочна постапка против ТВ Алфа
Скопје, 13.10.2017г.– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на извештајот од мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, заради емитување на прилози со резултати од испитување на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, по истекот на законски пропишаниот рок за тоа, против ТВ Алфа покрена прекршочна постапка.