СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 2 ноември 2023 – Во врска со вчерашната емисија „Само вистина“, емитувана на ТВ Канал 5, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува дека дебатите за политичко – општествените прашања треба да придонесуваат кон остварување на слободата на изразување, кон културата на толеранција и во ниту еден момент не смеат да поттикнуваат нетрпеливост.[…]

Отворени Деновите на медиумска писменост 2023

Скопје, 24 октомври 2023 – Под мотото „Брз прст, лажни вести носи“, почнувајќи од денес па сè до 31 октомври, во организација на Мрежата за медиумска писменост по петти пат се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2023. На овој начин, нашата земја се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.[…]

Осуда за односот на владини функционери кон новинар на ТВ Алфа

Скопје, 14 октомври 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува некоректниот однос на премиерот Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кон новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа.[…]

Промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

Скопје, 12 октомври 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со поддршка на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, денеска го промовираше Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми.[…]

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ АВМУ И КСЗД

Скопје, 24 август 2023 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, денеска потпишаа Меморандум чија цел е продлабочување на соработката особено во спречувањето дискриминација во програмите на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на платформите за споделување видеа[…]

Осуда за попречувањето на работата на новинари и сниматели во Брвеница

Скопје, 24 август 2023 – Во врска со навредите и заканите упатени кон новинарската екипа на ТВ Коха, како и спречувањето на телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион да снимат инсерти во врска со пожарот во општина Брвеница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека е апсолутно неприфатливо попречувањето на медиумските работници во вршењето на нивната работа[…]

Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ Алсат-М

Скопје, 22 август 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот и новинарките на ТВ Алсат-М, како и упатените закани кон нив за време на снимањето инсерти во Скопската чаршија[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 20 август 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со  документарниот филм „Убиство во Тетово“.[…]

Осуда за попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

Скопје, 28 јули 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Телма при нејзиното известување за вчерашната седница на Судскиот совет на која учествуваа и експерти на оценувачката мисија на Европската Унија[…]



Accessibility

Accessibility