Појаснување за кандидатите за објавениот Јавен конкурс, за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачје на општина Куманово

Скопје, 31.10.2024 – Во врска со Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, УП1 бр.08-275 од 21.10.2024 г. (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.219/24 од 29.10.2024 г.), Ве известуваме дека:[…]

Редовен административен надзор врз 6 радиодифузери

Скопје, 22 октомври 2024 – Редовен административен надзор за исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ, член 9 и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување е извршен врз радијата 106, Експрес, Импулс, Кавадарци, Скај и ТВ Калтрина.[…]

Редовен административен надзор врз 7 радиодифузери

Скопје, 3 октомври 2024г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз РА Александар Македонски, РА Голди, РА Еко, РА Пела, РА Плеј, РА Свети Николе и ТВ Свет изврши редовен административен надзор за исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ и член 9 и 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување[…]

Извршен редовен програмски надзор врз радијата Зона М-1, РФМ, Урбан ФМ, Скај радио и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио

Скопје, 29 август 2024г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, емитување на доброволно пријавениот процент музика на македонски јазик и дневно емитување најмалку 12 часа програма на радио, редовен програмски надзор е извршен врз регионалните радија Зона М-1, РФМ, Урбан ФМ, Скај радио и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио[…]

Вонреден програмски надзор реализиран по претставка врз ТВ Сител

Скопје, 6 август 2024 – По добиена претставка од физичко лице, Агенцијата спроведе вонреден програмски надзор врз играниот серијал „Приказни за Севда“ емитуван на ТВ Сител, за обврските за заштита на малолетната публика од програми кои можат да му наштетат на нивниот физички, психички и морален развој.[…]

Редовни програмски надзори врз операторите Алтра Сат, Инел Интернационал, ИП Системс, Кабел Л Нет и Пет Нет

Скопје, 6.08.2024г. – Агенцијата изврши редовни програмски надзори врз операторите Алтра Сат, Инел Интернационал, ИП Системс, Кабел Л Нет и Пет Нет за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, и за  почитувањето на обврските за регистрација на програмски сервиси и титлување на програмските сервиси кои операторите ги реемитуват.[…]

Донесено Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024

Скопје, 16 април 2024 – На вчерашната 16-та седница, Советот на Агенцијата донесе Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024.[…]

Осуда на нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести

Скопје, 5.04.2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален напад на новинарка и снимател од ТВ 24 Вести од непознато лице, за време на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ.[…]

ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Изборите 2024

Скопје, 3 април 2024 – Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на Македонска телевизија и приватните телевизиски програмски сервиси на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, имаат обврска при известувањето за изборите, едно издание на вестите и една содржина емитувана во периодот од 16.00 – 24.00 часот да ја прилагодат за лицата со сетилна попреченост.

[…]

ПОКАНА ЗА МЕДИУМИ

Скопје, 2 април 2024 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) утре 3 април 2024, со почеток во 10:00 часот во хотел Мериот во Скопје  ќе се одржи панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите.[…]



Accessibility

Accessibility