Вонреден програмски надзор реализиран по претставка врз ТВ Сител

Скопје, 6 август 2024 – По добиена претставка од физичко лице, Агенцијата спроведе вонреден програмски надзор врз играниот серијал „Приказни за Севда“ емитуван на ТВ Сител, за обврските за заштита на малолетната публика од програми кои можат да му наштетат на нивниот физички, психички и морален развој.[…]

Редовни програмски надзори врз операторите Алтра Сат, Инел Интернационал, ИП Системс, Кабел Л Нет и Пет Нет

Скопје, 6.08.2024г. – Агенцијата изврши редовни програмски надзори врз операторите Алтра Сат, Инел Интернационал, ИП Системс, Кабел Л Нет и Пет Нет за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, и за  почитувањето на обврските за регистрација на програмски сервиси и титлување на програмските сервиси кои операторите ги реемитуват.[…]

Донесено Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024

Скопје, 16 април 2024 – На вчерашната 16-та седница, Советот на Агенцијата донесе Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024.[…]

Осуда на нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести

Скопје, 5.04.2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален напад на новинарка и снимател од ТВ 24 Вести од непознато лице, за време на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ.[…]

ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Изборите 2024

Скопје, 3 април 2024 – Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на Македонска телевизија и приватните телевизиски програмски сервиси на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, имаат обврска при известувањето за изборите, едно издание на вестите и една содржина емитувана во периодот од 16.00 – 24.00 часот да ја прилагодат за лицата со сетилна попреченост.

[…]

ПОКАНА ЗА МЕДИУМИ

Скопје, 2 април 2024 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) утре 3 април 2024, со почеток во 10:00 часот во хотел Мериот во Скопје  ќе се одржи панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите.[…]

Отворена на јавна расправа за Нацрт-Упатството за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи

Скопје, 13 март 2024 – Советот на Агенцијата на 9-та седница одржана на 12 март 2024 година, усвои Нацрт- Упатство за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи.[…]

Вонреден административен надзор врз 7 радиодифузери

Скопје, 7 декември 2023 – За обврската за исполнување посебни минимални техники, просторни, финансиски и кадрвоски услови во зависност од програмскиот формат, пропишани со подзаконски акт донесен од страна на Агенцијата и за почитувањето на обврските од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, вонреден административен надзор е извршен врз Еко радио, Лајф радио, Радио 106, Радио Голди, Радио Медисон, Скај радио и ТВ Сонце.[…]



Accessibility

Accessibility