Скопје, 27 октомври 2023г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 22 издавачи на печатени медиуми со цел да констатира дали истите објавиле податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.[…]
Uncategorized – mk
Редовен програмски надзор врз МРТ1, МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5
Скопје, 27 октомври 2023г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизијата и дневно емтитување најмалку 40% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз телевизиските програмски сервиси на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА – МРТ 1, МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5.
Отворени Деновите на медиумска писменост 2023
Скопје, 24 октомври 2023 – Под мотото „Брз прст, лажни вести носи“, почнувајќи од денес па сè до 31 октомври, во организација на Мрежата за медиумска писменост по петти пат се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2023. На овој начин, нашата земја се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.[…]
Изречена мерка јавна опомена за МРТ 3, МРТ 4, Радио Скај и Репро Принт
Скопје, 20 октомври 2023 – Советот на Агенцијата на 37-та седница одржана на 16 октомври 2023 година донесе четири решенија за изрекување мерка јавна опомена за МРТ 3, МРТ 4, Скај Радио и Репро Принт издавач на печатениот медиум Нова Македонија.[…]
Отворена јавна расправа за Нацрт-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување
Скопје, 12 јули 2023 – Советот на Агенцијата на вчерашната 22 седница за 2023 година, го донесе Нацрт-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 4 февруари 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на дел од медиумите за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.[…]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 2 февруари 2023 – Во врска со недоличниот однос на министерот за економија Крешник Бектеши, кон новинар на ТВ Телма, за време на денешната прес конференција, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш потенцира дека упатувањето навреди и омаловажувања кон новинари се апсолутно недозволиви.[…]
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Скопје, 7 февруари 2022 – Во врска со Предлог-Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој е во прва фаза на читање во Собранието на РСМ, Агенцијата … […]
Одбележување на Светскиот ден на радиото
Скопје, 13 февруари 2022 – Под покровителство на УНЕСКО, денеска се одбележува единаесеттото издание на Светскиот ден на радиото кое оваа година се одржува под мотото … […]
Утре на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети
Скопје, 10 октомври 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во … […]