Согласно Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 донесен на 21.11.2014 година, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи се должни кон документацијата да достават и „Дозвола за телевизиско или радио емитување на странскиот радиодифузер од кого потекнува програмскиот сервис што треба да се реемитува, издадена од надлежниот регулатор на матичната земја“.
Со цел да го поедностави регистрирањето на странските програмски сервиси во програмските пакети на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, Агенцијата изработи преглед на дозволи (лиценци) за странските радиодифузери со кои таа располага.
Преземи преглед за странски радиодифузери (ажурирано на 01.10.2024)