Програма за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги континуирано е посветена кон остранувањето на бариерите кои ги спречуваат лицата со сетилна попреченост да пристапуваат до информациите и да ги користат аудиовизуелните услуги кои се достапни за повеќето граѓани во Македонија. Во таа насока, Агенцијата со експертска помош изработи Програма за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост која содржи активности и мерки кои Агенцијата треба да ги преземе до 2018 година, за да промовира подобар пристап за лицата со оштетен вид и слух до програмите кои ги нудат давателите на аудиовизуелни медиумски услуги во Македонија.

Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост – бр.01-4086/1 усвоена од Советот на Агенцијата на 18 јуни 2015г. може да се преземе на следниот линк:

Програмa за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост



Accessibility

Accessibility